Сериозен инцидент за време на лет на „Флајдубаи“ во Саудиска Арабија можел да прерасне во голема трагедија, откако копилотот на авионот наводно се обидел да ја преземе контролата врз леталото.
Според информациите што ги објави израелскиот „Канал 12“, сомнежите се дека копилотот имал намера намерно да го насочи авионот кон земја. Во критичниот момент, ситуацијата наводно ја презела друга група пилоти која се наоѓала во авионот, но била облечена во цивилна облека.
Брзата реакција спречила ситуацијата да заврши со катастрофални последици, а авионот на крајот бил принуден да слета во Саудиска Арабија.
Висок израелски функционер изјавил дека со спречувањето на инцидентот била избегната „страшна катастрофа“.
Случајот предизвика сериозни прашања за тоа што точно се случувало во пилотската кабина и кои биле мотивите зад наводниот обид за преземање контрола врз авионот.
Веста ја пренесува Pepo.politika
