Необична сцена од американската сојузна држава Њу Џерси привлече големо внимание на социјалните мрежи. Во поплавените улици на Сурф Сити, крајбрежно место на Њу Џерси, било забележано животно со перка кое на прв поглед потсетува на ајкула.
На видеото се гледа како животното се движи низ надојдената вода помеѓу домовите, додека над површината повремено се појавува неговата перка. Снимката била направена откако силното крајбрежно невреме предизвикало поплавување на улиците.
Според жителот кој ја доставил снимката до локалните медиуми, животното минало покрај неговата куќа, а во еден момент се упатило кон самиот влез. Кратко потоа исчезнало под водата, оставајќи ги очевидците без одговор што точно виделе.
Сцената се случила во период кога Њу Џерси се соочувал со тешки временски услови. Силните ветрови и обилните врнежи предизвикале високи бранови и сериозни крајбрежни поплави.
Поради невремето, властите прогласиле вонредна состојба во осум окрузи и упатиле предупредување до граѓаните да избегнуваат движење низ поплавените подрачја.
Веста ја пренесува Premiernews.mk
