Фото: Принтскрин
Македонската радио-телевизија ќе ја збогати својата програма со музичките шоуа „Идол“ и „Х-Фактор“, а првите аудиции низ земјава треба да почнат во октомври.
На сите им е познато дека „Македонски Идол“ во минатото беше неверојатно музичко шоу во кое уживаше публиката, а сега конечно ќе се врати на програмата.
Секако, освежување ќе биде и „Х-Фактор“, па љубителите на музиката ќе можат да уживаат во создавањето на новите музички ѕвезди.
