Фото: Принтскрин
На возачите денес им истекува повластеното ДДВ за дизел-горивото, откако даночната стапка во изминатите две недели беше намалена од редовните 18 на 10 проценти. Мерката започна да се применува на 15 септември, со цел да се ублажи растот на цените на горивата.
Сега останува да се види дали Владата ќе ја продолжи оваа мерка и во следниот период. Одлуката е особено важна за возачите, бидејќи евентуалното враќање на редовната даночна стапка може да влијае врз крајната цена на дизелот.
Во меѓувреме, Регулаторната комисија за енергетика денес треба да ги објави новите максимални малопродажни цени на горивата, кои ќе важат во наредните седум дена.
Според последната одлука, литар дизел се продава по максимална цена од 104,50 денари. Еуросупер БС-95 чини 99 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 е 101 денар.
