Фото: Принтскрин
Жител во кочанско бил измамен за 18.000 евра, откако неколку лица го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“ и дека парите му се потребни за нејзино отстранување.
Според пријавата, лицата дошле во неговиот дом и го убедиле дека во куќата се наоѓа „црна магија“. Му кажале дека единствениот начин таа да биде отстранета е да им ги предаде парите што ги поседува.
Случајот бил пријавен во полиција на 24 септември, околу 23 часот, во ОВР Кочани.
