Фото: Принтскрин
Македонскиот спорт доби уште еден голем повод за славење. Глигор Николов оствари извонреден успех на јуниорското Светско првенство во кикбокс и се закити со златниот медал, носејќи ѝ на Македонија најсјајно одличје од големата светска сцена.
Николов блесна во својата категорија и со одличните настапи успеа да стигне до самиот крај на големото натпреварување.
Во решавачката борба против Хасан Алеќаров од Азербејџан покажа квалитет кога беше најпотребно, па со заслужен триумф го обезбеди златото и местото на светскиот врв.
