Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во текот на ноќта во јужниот дел на Албанија.
Потресот се случил 35 минути по полноќ, а епицентарот бил лоциран во близина на крајбрежниот град Химара. Според првичните податоци, земјотресот бил на длабочина од околу пет километри.
Тресењето било почувствувано и во околните населени места, што предизвикало вознемиреност кај локалното население, но и кај туристите кои престојуваат во регионот.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за причинета материјална штета. Надлежните институции продолжуваат да ја следат состојбата и да ги собираат информациите за евентуални последици.
Веста ја пренесува Direkten.mk

