Драматични сцени утрово на Водно, каде што двокатен автобус на ЈСП се запали на видиковецот.
На социјалните мрежи се појави видео од местото на настанот, на кое јасно се гледа дека возилото претрпело сериозни оштетувања, особено во задниот дел. Пожарот оставил значителна трага врз автобусот, кој е во голема мера изгорен.
Големиот пламен и густиот чад биле видливи и од подалечните делови на Скопје, привлекувајќи го вниманието на граѓаните.
Според досегашните информации, во инцидентот нема повредени лица.
Веста и видеото ги пренесува 24chasa.mk
