Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Аларм во Тетово: рекорден број деца на педијатрија за само 48 часа, еве која е причината!

Gladiator 28/08/2026

Зголемен број деца последните денови побарале лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, каде што педијатрите за само 48 часа прегледале 139 мали пациенти.

Од нив, 12 деца биле задржани на болничко лекување поради потребата од дополнителен медицински надзор и терапија, додека останатите по прегледот биле пуштени на домашно лекување.

Најголем дел од пациентите имале симптоми како покачена телесна температура, повраќање и дијареја. Лекарите оценуваат дека во најголем број случаи станува збор за вирусни инфекции, кои почесто се појавуваат во летниот период.

Педијатарот д-р Иса Османи посочува дека високите температури се еден од факторите што може да влијаат врз појавата на ваквите тегоби. Ризикот дополнително се зголемува при несоодветна подготовка или чување на храната, особено кај најмалите деца кои се хранат со адаптирано млеко.

Како дополнителен фактор се наведува и меѓусебниот контакт меѓу децата, особено кога едно од нив веќе има симптоми на инфекција.

Од педијатриското одделение апелираат родителите да бидат внимателни, но и да не паничат при секоја појава на повраќање или дијареја. Особено важно е детето редовно да внесува течности и електролити, со цел да се спречи дехидрација.

Лекарите советуваат зголемено внимание на хигиената при подготовката на оброците, правилното чување на храната и редовната хидратација на децата. Се препорачува и избегнување близок контакт со деца кои покажуваат знаци на инфекција.

Зголемениот број прегледи во тетовската педијатрија е уште еден сигнал родителите во летниот период особено да внимаваат на здравјето, хидратацијата и исхраната на најмладите.

Веста ја пренесува Skopje1.mk

Tags: деца педијатрија Тетово

Continue Reading

Previous: Летувањето во Грција им се претворило во кошмар: Српско семејство минало низ агонија
Next: Зеленски: Ќе ја напаѓаме Русија со по 1.000 дронови дневно

Најново

  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика
  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи: Мал уред предизвика вистинска паника!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

11/09/2026
(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

11/09/2026
Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

11/09/2026
(ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

(ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика
  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи: Мал уред предизвика вистинска паника!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.