Фото: Принтскрин
Летување во познатото грчко одморалиште Пефкохори на Халкидики се претвори во агонија за едно четиричлено семејство од Србија.
Наместо одмор и уживање, следела драма кога тригодишното дете дехидрирало. Тоа што требало да биде рутинска медицинска помош се претворило во трауматично искуство.
Откако локален педијатар го прегледал детето констатирал дека е најдобро да се упатат во Општа болница во Полигеро, при што ги предупредил родителите дека најверојатно ќе бидат задржани.
Тие откриваат дека таму сретнале две незаинтересирани вработени, докторка и медицинска сестра кои едвај зборувале англиски јазик.
Потоа следел и финансиски шок, т.е. сметката за помалку од 24 часа престој во болницата изнесувал 418 евра.
Повеќе детали прочитајте на српски „Телеграф“.
