Фото: Принтскрин
Пациент од Охрид, кој се соочува со сериозно срцево заболување, е пренесен во Германија каде што ќе продолжи со лекување и медицински третман во специјализирана здравствена установа.
Според информации од владини извори, пациентот Д. Н. денеска бил транспортиран со владин авион до Берлин, по што е упатен во Универзитетскиот клинички центар во германската престолнина.
Транспортот е реализиран поради потребата од понатамошна медицинска грижа и третман во услови кои ги нуди специјализираниот клинички центар.
