Фото: Принтскрин/ТВ21
Вознемирувачки сцени се забележани во близина на Бит Пазар, откако патничко возило од засега непознати причини излетало од коловозот и завршило во автобуска постојка покрај улицата, објави „ТВ21“.
Од силниот удар била оштетена конструкцијата на постојката, при што дел од неа се урнал. На местото на несреќата биле забележани и расфрлани делови од автомобилот, како и остатоци од оштетената автобуска постојка.
Засега не е познато како дошло до несреќата, а повеќе детали се очекуваат од МВР.
