Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Акција во Аеродром: Ќе се ослободуваат паркинг-местата од хаварисани автомобили!

Gladiator 18/08/2026

Во општина Аеродром започна нова акција за отстранување на стари и хаварисани автомобили кои долго време стојат на јавни површини и зафаќаат драгоцени паркинг-места.

Според информациите споделени во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“, инспекциските служби денеска започнале со подигнување на возилата кои се оставени и не се користат подолг период.

Во акцијата се вклучуваат и граѓаните, кои се повикуваат да ги пријавуваат проблематичните локации. Доколку забележат напуштен, стар или оштетен автомобил кој со месеци стои на јавен паркинг, можат да испратат фотографија и точна локација преку „Гугл мапс“ или да ја наведат адресата.

Целта е да се направи што поточна евиденција на ваквите возила, по што списокот со локации би бил доставен до надлежните служби за понатамошно постапување.

Проблемот со хаварисаните автомобили не е нов за жителите на Аеродром. Во дел од населбите тие со години остануваат на истите места, иако не се во употреба. Освен што дополнително го намалуваат бројот на достапни паркинг-места, некои од нив со текот на времето стануваат места за складирање различни предмети и отпад.

Од Општината претходно информираа дека во една од акциите биле отстранети 15 хаварисани возила. Дополнително, 22 сопственици сами ги преместиле автомобилите откако добиле известување. Тогаш беше посочено дека на територијата на цела општина има стотици стари, нерегистрирани и хаварисани возила.

Потребата од расчистување на јавните површини стана уште поизразена со најавите за проширување на зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар. Во мај, сопствениците на хаварисани возила во Ново Лисиче беа известени дека треба самите да ги отстранат автомобилите за да може да продолжи уредувањето и обележувањето на паркинг-просторот.

Оставањето нерегистрирани и хаварисани возила, како и приколки и камп-приколки, на јавни површини е спротивно и на општинските правила.

Од граѓанската иницијатива сега апелираат до жителите активно да ги пријавуваат ваквите случаи. Колку повеќе точни локации бидат доставени, толку полесно надлежните служби ќе можат да ги евидентираат и процесираат возилата.

Веста ја пренесува Infomax.mk

Tags: автомобили Аеродром паркинг

Continue Reading

Previous: (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Адвокатка брутално убиена во ресторан пред очите на сите: Напаѓачот пукал од непосредна близина!
Next: (ВИДЕО) Потресна сцена со молк и солзи: Спасувачите со последен поздрав ги испратија петтемина загинати планинари!

Најново

  • „Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!
  • (ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис
  • Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела
  • Кораб повторно во центарот на вниманието: Вратен двоглавиот орел, симнато македонското знаме!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

„Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци

„Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци

03/10/2026
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!

03/10/2026
(ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис

(ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис

03/10/2026
Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела

Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела

03/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • „Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!
  • (ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис
  • Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела
  • Кораб повторно во центарот на вниманието: Вратен двоглавиот орел, симнато македонското знаме!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.