Шокантен вооружен напад ја потресе перуанската регија Ла Либертад, каде што животот го загуби адвокатката Хелен Ѓулијана Силва Падиља.
Според првичните информации, вооружен маж влегол во ресторан додека адвокатката седела на маса со друштво. Напаѓачот ѝ се приближил и испукал повеќе куршуми кон неа, по што веднаш го напуштил објектот.
Целиот напад бил забележан од безбедносните камери. На снимките, според истрагата, се гледа како осомничениот по пукањето бега со мотор заедно со уште едно лице.
Падилја била итно пренесена во болница, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот и констатирале смрт.
Полицијата и обвинителството веднаш започнале истрага. Снимките од надзорните камери и останатите докази треба да помогнат во откривањето на идентитетот на напаѓачите и утврдувањето на мотивот за убиството.
Веста ја пренесува Serbian.times
