Претседателот на албанскиот Динамо Сити, Ардијан Барди, подготвил несекојдневно изненадување за своите фудбалери пред важниот европски двомеч.
Откако тимот обезбедил пласман во плејофот за Конференциската лига, Барди се појавил во соблекувалната со торба полна со пари. Причината била дополнителната премија што им ја ветил на играчите и стручниот штаб.
Доколку Динамо Сити успее да го елиминира Пафос и да стигне до групната фаза, клубот ќе подели дури 500.000 евра како награда.
Албанскиот состав до плејофот стигна откако во претходната рунда убедливо го совлада летонскиот Ауда со вкупен резултат 4:1.
Моментот кога Барди влегува во соблекувалната со парите го објави „Топ Ченел“, а снимката веднаш привлече внимание поради необичниот начин на кој претседателот одлучил да го мотивира тимот.
Со ваквата финансиска награда, фудбалерите на Динамо Сити сега имаат уште поголем мотив во пресрет на дуелите со Пафос, бидејќи пласманот понатаму може да им донесе и спортски успех и огромна премија.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
