Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Јапонија му донира дигитален рентген апарат на Здравствен дом Неготино

Gladiator 04/12/2024

Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја, денес присуствуваше на свечената церемонија на примопредавање на завршениот проект во рамките на Програмата за грантови за мали проекти (GGP) во Јавната здравствена установа (ЈЗУ) „Здравствен дом Неготино“.

Домаќини на настанот, организиран во знак на благодарност за оваа значајна донација, беа градоначалникот на општина Неготино, д-р Горан Стојанов, и директорот на Здравствениот дом, д-р Љупчо Пасинечки.

Како дел од проектот, установата доби современ дигитален рендген апарат со вкупна вредност од 61.001 евро. Оваа инвестиција ќе придонесе за значително унапредување на квалитетот на здравствените услуги за жителите на Неготино и околината.

Програмата за грантови за мали проекти (GGP) досега поддржа над 70 иницијативи во здравствениот сектор со вкупна вредност од речиси 4 милиони евра. Дополнително, во 2021 и 2022 година, како одговор на пандемијата на COVID-19, Јапонија обезбеди медицинска опрема за јавните здравствени установи во вредност од 813.000 евра, преку Програмата за економски и социјален развој. Оваа помош вклучи и лекови за третман на 100 пациенти заболени од COVID-19.

Од 1996 година, преку GGP програмата, Јапонија финансира реновирање и опремување на образовни и здравствени установи, како и комунални проекти низ Македонија. Досега се реализирани над 76 проекти за училишта и градинки, 70 за здравствени установи и набавка на 36 специјализирани возила за управување со отпад, кои се распределени во 56 општини. Вкупната вредност на сите овие проекти изнесува над 9,2 милиони евра, стои во официјалното соопштение од Амбасадата на Јапонија.

Овој гест е уште еден доказ за долгогодишното пријателство и соработка меѓу Јапонија и Македонија, со особен акцент на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Tags: јапонија македонија рентген

Continue Reading

Previous: Делови од Скопје денеска без струја поради технички зафати
Next: Хуманитарна акција: Новогодишни пакетчиња за деца

Најново

  • (ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!
  • (ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование
  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!

(ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!

24/03/2026
(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

24/03/2026
(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

24/03/2026
(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!
  • (ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование
  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.