Фото: AleksandraPrijovic/Instagram
Познатата пејачка Александра Пријовиќ во претходните денови уживаше на Јадранот, а на социјалните мрежи објави фотографија и ја истакна својата заводлива фигура.
Пријовиќ се појави во бикини, а тоа предизвика голем број реакции и комплименти од страна на нејзините фанови.
Пејачката неодамна се врати на сцената, а пред настапот во Будва ги коментираше промените во својот распоред по раѓањето на ќерката Ања.
„Се чувствувам одлично. Во последно време не работам толку. Понапорно ми е поради будење со бебето“, кажа таа.
