Фото: Принтскрин
Володимир Зеленски најави големи промени во воениот врв на Украина, а дел од кадровските одлуки веќе се подготвени.
„Денеска решивме важни воени прашања. Разговаравме за одредени предлози. Дел од одлуките веќе се подготвени, а наскоро ќе има уште“, кажа Зеленски.
Тој наведе дека со воените сојузници разговарал за ситуацијата на фронтот и мерките за засилување на клучните правци, посебно во Доњецк.
