Нуркач доживеа вистински кошмар кога ајкула ненадејно го нападна за време на подводен лов во близина на брегот на Фиџи. Целиот инцидент бил забележан со камерата што ја носел со себе, а снимката прикажува вознемирувачки моменти од нападот.
По несреќата, повредениот бил подложен на четири хируршки интервенции и трансплантација на кожа. И покрај сериозните повреди, тој вели дека има огромна среќа што ја зачувал ногата и дека стапалото му останало целосно функционално.
Во својата изјава нагласил дека закрепнува успешно и е благодарен што преживеал едно од најтешките искуства во својот живот.
Веста ја пренесува Aa_macedonian.
