Цените во охридските угостителски објекти повторно се тема на жестоки реакции, откако на социјалните мрежи беше споделена сметка од ресторан на која пастрмка била платена 3.720 денари.
Реагираше и поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, кој со ироничен коментар го изрази своето незадоволство од актуелните цени во туристичкиот бисер.
„Ги намалија цените и веднаш полн Охрид. Следното лето ни децата од Скопје нема да доаѓаат, ќе останат само Холанѓани – дедовци и баби“, напиша Галетановски во својата објава.
Неговата порака предизвика голем број коментари и повторно ја отвори дискусијата за поскапувањата во Охрид за време на летната сезона, како и за тоа дали високите цени можат да влијаат врз интересот на домашните туристи.
Веста ја пренесува Skopje1.mk

