Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Тажна вест која го потресе фудбалскиот свет: Почина една од најголемите легенди на сите времиња!

Gladiator 31/07/2026

Светот на фудбалот остана без едно од најголемите имиња во својата историја. Франко Барези, иконата на Милан и еден од најдобрите дефанзивци што ги дала Италија, почина на 66-годишна возраст.

Барези остави неизбришлива трага во црвено-црниот дрес и со години беше вистински лидер на тимот од „Сан Сиро“. Во својата богата кариера, која целосно ја помина во Милан, од 1978 до 1997 година, легендарниот стопер одигра 719 натпревари и стана дел од најславните моменти во историјата на клубот.

Со Милан освои шест шампионски титули во Серија А, три европски купови на шампиони, три европски Суперкупа и два Интерконтинентални трофеи. Неговата посветеност и верност кон клубот беа симболично наградени по пензионирањето, кога дресот со број шест беше повлечен и повеќе никогаш не беше доделен на друг фудбалер.

Интересно е што како млад фудбалер Барези бил приврзан кон градскиот ривал Интер, но таму не добил шанса. Милан веднаш го препознал неговиот огромен потенцијал и му овозможил да изгради кариера која засекогаш ќе остане запишана во историјата.

Во репрезентативниот дрес на Италија настапи 81 пат. Беше дел од тимот кој ја освои светската титула во 1982 година, а на Мундијалот во 1994 година ја имаше капитенската лента и ја предводеше „аѕурната“ селекција до финалето во САД.

Еден од најемотивните моменти во неговата кариера се случи токму во финалето против Бразил, кога по промашениот пенал во серијата удари остана во солзи. Таа сцена и денес е една од највпечатливите слики во историјата на Светските првенства.

Во последните години Барези се соочуваше со здравствени предизвици. Беше подложен на операција поради проблеми со белите дробови, но и покрај тоа остана тесно поврзан со Милан и често беше присутен на трибините на „Сан Сиро“.

Неговото име ќе остане синоним за верност, лидерство и фудбалска класа. Франко Барези не беше само капитен на Милан — тој беше симбол на една ера.

Веста ја пренесува Слободен печат.

Tags: Италија смрт фудбалер

Continue Reading

Previous: „Не спиеме мирно“: Непознато лице со нож вознемири жители, се бара итна реакција!
Next: (ФОТО) Сметка од охридски ресторан ја разбранува јавноста: Еве што порача Чомбе!

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.