Фото: Српска заедница во Македонија
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави видео на кое се гледа како вандали го оштетуваат објектот на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“.
На снимката, која Стоилковиќ ја сподели на социјалните мрежи, се забележуваат две лица како се прекачуваат преку оградата на објектот, по што предизвикуваат материјална штета и испишуваат графити со натписот „УЧК“.
Од Српската заедница во Македонија објавија и фотографии за тоа како изгледа вандализираниот објект во Куманово.
