Фото: Принтскрин
Четири семејства останаа без покрив над глава откако се урна дел од куќа во Нови Пазар. Сопствениците тврдат дека несреќата се случила поради ископ на соседна парцела, додека инвеститорот наведува дека активностите биле под надзор.
Според информациите на штабот за вонредни ситуации, уште три куќи во близина не се безбедни за живеење, но за среќа нема повредени лица.
На социјалните мрежи се појави и драматично видео на кое се гледа урнатиот дом, а инвеститорот на соседната парцела најави дека ќе им изгради нова куќа на семејството.
