Фото: Принтскрин
Основното јавно обвинителство поведе постапка против лице за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз својата мајка.
„Осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала да му пружи достоен живот и во еден момент почнал да ја удира со тупаници по главата и телото. Потоа ја тресел и ја кубел за косата, па и се заканил дека ако не му обезбедела одредена сума пари, тој секој ден ќе ја тепа и нема да престанува.
Јавниот обвинител, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за овој осомничен, особено имајќи предвид дека тој и претходно бил осудуван за слично кривично дело, како и заканите упатени кон оштетената кои го зголемуваат ризикот од повторување на делото“, објави Обвинителството.
