Фото: Принтскрин
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локална појава на пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.
На места се очекува временските процеси да бидат поинтензивни и да прераснат во краткотрајно невреме, проследено со засилен ветер со брзина над 60 километри на час, чести електрични празнења и изолирана појава на град.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни во периодите на појава на невремето и да ги следат најновите информации и предупредувања од надлежните служби.


