Вознемирувачко видео кое се шири на социјалните мрежи предизвика силни реакции во јавноста, откако безбедносни камери снимиле низа сериозни пропусти при интервенција на екипа на Итната медицинска помош во Бачка Паланка, Србија.
Според информациите што се споделуваат заедно со снимката, за време на интервенцијата владеел целосен хаос. На видеото се гледа како вработен во ресторан помага со носење на медицинската опрема, додека дел од медицинскиот персонал, според реакциите во јавноста, не постапува координирано.
Дополнително, при пренесувањето на пациентката до возилото на Итната помош, таа паднала од транспортната количка, што според снимката укажува на несоодветно и небезбедно ракување при транспортот. Се наведува и дека возачот имал потешкотии при маневрирањето на возилото во рикверц.
Жената, пензионерка од Бачка Паланка, по интервенцијата била пренесена во Ургентен центар, каде што подоцна починала.
Случајот веројатно немаше да стане познат доколку безбедносните камери од објектот не го забележале целиот настан. Снимката предизвика бројни реакции и барања од јавноста за темелна истрага и утврдување на евентуална одговорност за начинот на кој била извршена интервенцијата.
Засега нема официјални информации дали надлежните институции покренале дисциплинска или кривична постапка поврзана со овој случај.
Веста ја пренесува Svizajednogjedanzasvee.
