Фото: Umejr Muhamedi
Правникот Умејр Муамеди објави статус на социјалните мрежи кој предизвика бурни реакции, а станува збор за настан од Старата скопска чаршија каде што побарал фискална сметка, а на крајот му било дадено обично ливче со цена која треба да ја плати.
„Денес во Стара скопска чаршија побарав фискална сметка и го добив ова…. Ова освен што е незаконски истовремено е и навредувачки према муштеријата да му однесеш пресметка на ваков начин. Ова Ви го зборам од искуство дека ниту ва Африка го немаше. И кога ке влезе инспекција ке плачат дека намерно влегуваат кај нив. Ова е голем срам за Државата да го дозволи.
Не може од едната страна на Вардар да издаваат фискална а од другата страна на Вардар да ти донесат ваква пресметка.
Инаку има и многу ретки исклучоци во Чаршија кои имат и помали дуќани и помалку работа но имат и фискален апарат и издаваат фискална. Затоа нефер е према нив прво да се дозволи овој башибозук“, објави тој.
