Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е пронајден превртен „Мерцедес“ на патот ГП Блаце – Скопје, а три лица се починати.
„На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријави дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на 18.07.2026 околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје“, соопшти МВР.
