Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) по апсењето на Александар Лазаров обезбеди докази дека дел од неговиот имот е стекнат со криминална активност и судот реши привремено да му одземе шест возила и стан.
„Денеска (15.07.2026) од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои упатуваат на постоење на основано сомнение дека Александар Лазаров располага со значителен движен и недвижен имот, стекнат со криминална активност, за кој имот од страна на Основен суд Кочани се определени привремени мерки за обезбедување со привремено одземање на шест патнички возила “џип”, “порше”, “фолксваген”, “ауди”, “бмв” и “пасат”, како и недвижен имот-стан“, соопшти МВР.
