Фото: Принтскрин
Премиерот на Бугарија, Румен Радев ја одбил поканата за учество на состанокот во Париз од францускиот претседател Емануел Макрон.
„Добив покана од Макрон да учествувам во коалицијата, но мислам дека Бугарија не припаѓа таму зашто не учествуваме во коалиција која инсистира на постојана помош за Украина“, кажа Радев.
Радев е премиер на Бугарија од 7 мај оваа година, откако со неговата партија „Прогресивна Бугарија“ освои 44,6 отсто од гласовите.
