Фото: Дамјан Стојаноски/Принтскрин
Познатиот македонски пејач Дамјан Стојаноски, кој е омилен меѓу македонската публика, објави радосна вест на социјалните мрежи.
Пејачот објави дека денеска во неговото семејство се родило трето дете, односно ќерката Ева.
„Денес, на роденденот на мојата Елена и на мојот именден, ни се роди нашата трета радост. Ева“, објави пејачот.
