Фото: Snezana Paunovic
Српската министерка Снежана Пауновиќ доби големи критики откако кажа дека „етнички би го исчистила Косово во 1998 година“.
„За нашите недостатоци и нашата глупост. Да бев Слободан Милошевиќ, етнички ќе го исчистев Косово во 1998 година. Ова е најгрубата квалификација што сум ја кажала во животот“, кажа Пауновиќ.
Скандалозната изјава на министерката предизвика реакција и од Косово, кое реши да ја прогласи за „персонан нон грата“, со трајна забрана за влез и транзит низ земјата.
