Во празнична и патриотска атмосфера, Крива Паланка беше исполнета со развиорени македонски знамиња, звуците на тапаните и традиционалните македонски ора за време на манифестацијата „Паланечка тројка“.
Голем број посетители, учесници и љубители на македонската традиција беа дел од настанот, кој уште еднаш ја потврди важноста на негувањето на народните обичаи, фолклорот и културното наследство.
Со песна, игра и препознатливата македонска енергија, „Паланечка тројка“ прерасна во вистински празник на традицијата, обединувајќи ги присутните во духот на заедништвото и почитта кон националните вредности.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
