Силен топлотен бран ја зафати Италија и Германија, каде температурите се искачуваат до 40–45 степени Целзиусови.
Поради екстремната жештина, во повеќе градови се регистрирани дефекти на семафорите, откако долгото изложување на сонце предизвикало оштетувања на електронската опрема.
Експертите предупредуваат дека ваквите екстремни временски услови сè повеќе ја оптоваруваат урбаната инфраструктура и оценуваат дека, како последица на климатските промени, ваквите појави би можеле да станат сè почести.
Веста ја пренесува Cevretvenglish.
