Фото: ChatGPT
Општина Касандра на Халкидики, која се наоѓа на првиот крак во Грција, објави известување и на македонски јазик со кое ги предупредува туристите и жителите дека ќе започне акција за отстранување на незаконски поставена опрема на плажите.
Предупредувањето се однесува на чадори, лежалки и други предмети што се оставени или фиксирани на јавните плажи без законска дозвола. Од локалната самоуправа бараат сопствениците сами да ги отстранат во рок од 24 часа.
Во спротивно, општинските служби ќе ја отстранат опремата без дополнително известување. Предметите ќе се сметаат за напуштени и ќе бидат третирани како отпад.
Од Општина Касандра порачуваат дека мерката има за цел да обезбеди слободен и еднаков пристап до плажите за сите граѓани и туристи, без нелегално заземање на јавниот простор.
Веста ја пренесува 24chasa.mk

