Жител на скопски Хиподром, Стево Станковиќ, од вчера се соочува со непријатна и невообичаена ситуација – во неговиот дом се појавила змија која влегла директно во дневната соба.
И покрај обидите самиот да ја пронајде и извади, како и помошта од роднини и соседи, влекачот сè уште не е лоциран. Поради тоа, Стево веќе извесно време престојува надвор од домот, додека змијата останува внатре.
Тој се обратил и на итната линија 112, од каде му било укажано да побара стручно лице кое се занимава со фаќање змии. Подоцна, преку комуникација со диспечер, бил упатен кон приватно лице кое би можело да помогне во решавање на ситуацијата.
Стево своето искуство го споделил и за Канал 5, а случајот повторно го отвора прашањето на кое граѓаните често укажуваат – што да се направи кога змии ќе се појават во урбани средини, особено во близина на згради, и каде точно да се побара помош во вакви ситуации.
Веста ја пренесува Newz24live.com
Видео: Канал 5 телевизија.
