Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е оптимист и верува дека по долго време војната полека оди во корист на Украина.
Зеленски оцени дека воената ситуација во Киев е најповолна во последните две ипол години, а тоа го посочи во интервју за „Гардијан“.
„Не може да кажеме дека Русија ја губи војната, но ја губи иницијативата. Тие губат околу 30.000 војници месечно“, вели Зеленски.
Зеленски го обвини Владимир Путин дека лаже од почетокот на војната и го лаже рускиот народ дека победуваат во неа.
