Жителка на Скопје изрази револт на социјалните мрежи за состојбата на гробиштата „Камник“ токму за време на најголемата Задушница. Таа истакнува дека семејството редовно ги подмирува обврските за одржување, но, наместо уреден простор, ги дочекала запуштена и неодржувана околина.
„Редовно плаќаме за одржување на гробиштата, а ова е сликата што нѐ дочека на ден кога најголем број луѓе доаѓаат да им оддадат почит на своите блиски“, вели таа.
Фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат висока и неискосена трева, расфрлан отпад низ комплексот, како и оштетен и руиниран гроб.
Според граѓанката, пристапот до одредени гробни места е значително отежнат, а целокупниот изглед на просторот не одговара на достоинството што треба да го има едно вакво место.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
