Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека се ближи крајот на војната во Украина. Тој не предложи состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но исто така не ја отфрли ниту можноста за организација.
„Не сум го одбил, но не го ни предлагам тој состанок. Нека дојде кој сака во Москва“, кажа Путин.
Путин кажа дека евентуален состанок со Зеленски треба да биде последна точка во процесот на завршување на војната.
