Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески објави дека спречил обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче, а на социјалните мрежи ја сподели снимката.
„Додека граѓаните, институциите и волонтерите се обединуваат во рамки на „Генералка Викенд“ за почиста околина, денес спречив обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче“, објави градоначалникот.
Видеото на градоначалникот Митески може да се погледне ТУКА.
