Фото: Принтскрин
Поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе остане во куќен притвор со полициско обезбедување.
Обвинителството информира дека побарале продолжување на мерката за обезбедување на осомничениот.
Груби беше приведен на 23 февруари оваа година на граничниот премин Блаце, а е осомничен за проневера од 8,2 милиони евра државни пари.
Тој избега од Македонија во 2024 година, по што беше распишана меѓународна потерница.
