Фото: Принтскрин
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини бил приведен од страна на полицијата.
Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди случајот и откри повеќе детали.
„Полициски служеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје го лишија од слобода лицето М.С. поради сомненија за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба“, соопшти МВР.
