Фото: Принтскрин
Тинејџер пукал со огнено оружје во средно училиште во Турција, при што повредил 16 лица, меѓу кои се ученици и наставници.
Напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето во Сиверек, а притоа повредил 10 ученици, четири наставници, еден полицаец и еден вработен во училишната менза.
Поранешниот ученик по пукањето решил да си го одземе животот.
Видеото може да се погледне ТУКА на своја одговорност бидејќи има вознемирувачка содржина.
