Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Филмско киднапирање во Македонија: Му ставиле црна ќеса на глава и го тепале, па барале да признае силување

Gladiator 14/04/2026

Фото: Принтскрин

Две лица киднапирале друго лице, при што го тепале и барале да признае дека ја силувал сопругата на еден од киднаперите.

„Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Неговиот соизвршител, 30-годишник од истото село, при грабнувањето употребил и пиштол, кој го репетирал и со кој му се заканил на оштетениот.

Тие го качиле оштетениот во автомобил од дворот на неговата куќа во Неготино и се упатиле по стариот пат кон Демир Капија, а за цело време му се заканувале по живот и го удирале со боксови. Го фрлиле мобилниот телефон на оштетениот и му ставиле црни ќеси на главата за да не гледа каде го носат.

Кога стигнале во шума, го извадиле од возилото и го терале да слуша аудио снимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал. Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Меѓутоа, пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото. Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите и ги контактирала, а тие дознавајќи дека се откриени го однеле оштетениот во полициската станица во Неготино.

Бидејќи станува збор за тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години, јавниот обвинител процени дека постои основан страв дека осомничените ќе се дадат во бегство или ќе извршат ново кривично дело доколку се бранат од слобода, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Tags: киднапирање полиција

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Пукање во училиште во Турција: Поранешен ученик повреди 16 лица
Next: Еве какви температури нè очекуваат ова лето!

Најново

  • Ова е најкраткиот брак во регионот, еве колку траел!
  • (ВИДЕО) Снимка што го открива најризичниот момент за пилотите на противпожарен авион!
  • Ѝ кажал дека не му обезбедила достоен живот, па ја претепал: Син ѝ се заканил на својата мајка дека секој ден ќе ја тепа ако не му даде пари
  • (ФОТО) Подгответе се, доаѓа невреме: Еве каде се очекува дожд, силен ветер и можен град
  • (ВИДЕО) Вандали пишувале „УЧК“ на српски културен центар во Куманово

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ова е најкраткиот брак во регионот, еве колку траел!

Ова е најкраткиот брак во регионот, еве колку траел!

27/07/2026
(ВИДЕО) Снимка што го открива најризичниот момент за пилотите на противпожарен авион!

(ВИДЕО) Снимка што го открива најризичниот момент за пилотите на противпожарен авион!

27/07/2026
Ѝ кажал дека не му обезбедила достоен живот, па ја претепал: Син ѝ се заканил на својата мајка дека секој ден ќе ја тепа ако не му даде пари

Ѝ кажал дека не му обезбедила достоен живот, па ја претепал: Син ѝ се заканил на својата мајка дека секој ден ќе ја тепа ако не му даде пари

27/07/2026
(ФОТО) Подгответе се, доаѓа невреме: Еве каде се очекува дожд, силен ветер и можен град

(ФОТО) Подгответе се, доаѓа невреме: Еве каде се очекува дожд, силен ветер и можен град

27/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ова е најкраткиот брак во регионот, еве колку траел!
  • (ВИДЕО) Снимка што го открива најризичниот момент за пилотите на противпожарен авион!
  • Ѝ кажал дека не му обезбедила достоен живот, па ја претепал: Син ѝ се заканил на својата мајка дека секој ден ќе ја тепа ако не му даде пари
  • (ФОТО) Подгответе се, доаѓа невреме: Еве каде се очекува дожд, силен ветер и можен град
  • (ВИДЕО) Вандали пишувале „УЧК“ на српски културен центар во Куманово

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.