За време на едно возење со такси, му дадов на возачот 2000 денари, иако цената на услугата беше 1200 денари. Тој ми кажа дека нема доволно кусур за да ми врати. Се обидов да објаснам дека е негова обврска да има кусур и побарав да ми ги врати останатите пари, но ситуацијата брзо прерасна во расправија. Наместо да најде решение, возачот ме замоли да излезам од возилото и не ми ги врати парите што ми следуваа. Сметам дека ваквото однесување е неприфатливо и би сакала случајот да стане познат за да не им се случи истото и на други – раскажува патничка во такси за своето непријатно искуство.
Веста ја пренесува Info.beograd
