Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Какво влијание ќе има победата на Трамп врз Македонија

Gladiator 06/11/2024

Фото: Принтскрин

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД отвора ново поглавје во односите меѓу Македонија и најмоќната светска држава. Како политичка фигура која предизвикува голем интерес и контроверзии на меѓународната сцена, Трамп ќе има влијание врз геополитичките, економските и безбедносните односи на глобално ниво.

Ова неизбежно ќе има последици и за помалите земји, вклучително и Македонија. Со оглед на стратешката соработка со САД, посебно во областите на безбедноста, економијата и енергетиката, победата на Трамп носи прашања, но и можности за Македонија.

Како ќе се одвиваат овие односи под неговото водство и какви промени може да се очекуваат на билатерално ниво, останува да се види во следните години. Иако во однос на нашито евроинтегративен пат, не се исклучува можноста за посредување од страна на Стејт Департментот за деблокада на процесот.

Поранешниот амбасадор во САД Васко Наумовски и аналитичарот Марко Трошановски во изјави за „МИА“ истакнуваат дека САД можат да играат значајна улога во понатамошниот развој на интеграциите на Македонија кон Европската Унија.

„Секако дека може да се очекува поддршка од Стејт департментот, како што беше случај и досега во однос на нашиот евроинтегративен процес. Сепак, во контекст на војната во Украина, Бугарија, како држава со важна геополитичка позиција на источниот фронт, добива поголемо значење. Ова, несомнено, влијае и врз ставот на САД во спорот меѓу Македонија и Бугарија, при што американската поддршка не секогаш може да биде во наша корист, бидејќи ќе тежнее кон Бугарија. Дали новата администрација ќе преземе поголеми чекори во решавањето на овој спор? Мислам дека постои интерес и од страна на европските лидери и од Америка да се иницира модалитет кој ќе овозможи уставните измени. Но, тоа најверојатно ќе се случи откако Бугарија ќе формира стабилна влада, бидејќи во моментов недостига реален соговорник од другата страна“, истакнува аналитичарот Марко Трошановски во изјава за „МИА“.

Tags: доналд трамп македонија

Continue Reading

Previous: Ѓорче Петров добива нов модерен спортски терен
Next: Земјотрес утрово го разбуди Скопје

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

24/09/2026
(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

24/09/2026
Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

24/09/2026
(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

24/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.