Новата градоначалничка функција ја започнувам со ветување за посветена работа и промени во Град Скопје, но прво сакам да изразам благодарност до претседателот Христијан Мицкоски.
Ова беа првите зборови на Орце Ѓорѓиевски од сцената пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Скопје покажа вистинска единственост и заедно успеавме да го постигнеме овој успех. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство – на родителите и на мојата сопруга – кои за време на кампањата се соочуваа со предизвици и низ низ удари, – истакна новиот градоначалник.
– Ви ветувам дека нема да ве разочарам во следните четири години. Сега, со чест, го повикувам претседателот Христијан Мицкоски – додаде Ѓорѓиевски.
