Фото: Принтскрин
На Клиниката за детски болести повторно се слушна победничкото ѕвонче – симболот на триумфот над тешката болест. Овој пат, радосниот звук означи голема победа за малиот Амир, кој по долга и храбра борба успешно ја совлада болеста.
Од Клиниката со гордост соопштија дека Амир ја завршил својата терапија и со насмевка ја напуштил болницата, додека медицинскиот персонал и неговото семејство со радост го прославија овој момент.
