Фото: Принтскрин
Две лица го загубија животот, а околу 80 се здобиле со повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на српскиот град Сремска Митровица, кога автобус се превртел на патот.
Според информациите од српското Министерство за внатрешни работи, возилото превезувало работници вработени во компанијата „Хелткер“.
Несреќата се случила кога автобусот, од засега непознати причини, излетал од коловозот и се превртел на покрив.
Полицијата и екипи на итната помош веднаш пристигнале на местото на настанот, а сообраќајот на таа делница е целосно блокиран.
