
Британскиот амбасадор Метју Лосон ја искористи можноста да на македонски јазик го честита 11 Октомври, Денот на македонското народно востание.
„Среќен 11 Октомври, Денот на македонското народно востание! Денес со почит ги оддаваме спомените на сите кои храбро се бореле за слобода и се спротивставувале на фашизмот за време на Втората светска војна. Слава на нивното дело!“, истакна амбасадорот.